Monday, March 24, 2014
ПРОЛЕТТЕН ПЕЈСАЖ
Конечно зимата стои на прагот со грб свртена кон нас, а пролетта насмеана влегува низ вратата на нашата околина. Примамливо ги преокупира сништата на повеќето од нас, прекрасниот шарм на пролетта, нејзиното шаренило и блескавите сончеви зраци ги исполнуваат нашите желби. Никогаш нема да ја заборавам сликата која ја здогледав и чувството што го здобив шетајќи и ми се врти низ глава веќе неколку денови. Сонцето силно грееше, но не беше жешко заради бавниот ветер кој како да милуваше. Сончевите зраци продирајќи низ дрвјата го покажуваа својот шарен сјај, а завршуваа на земјата осветлувајќи ги ведрите бои на цвеќињата. Се присетив на многу спомени, како и се радував на пролетта кога бев малечка. Пуштив и неколку солзи, но бев исполнета во душава, едноставно ја сакам пролетта. И кога ќе се замени со лето, до следната ќе се присетувам на тие прекрасни пролетни пејсажи и со насмевка ќе ја чекам.
Wednesday, March 12, 2014
Она чувство кога ти е тешко!
Животот е како лавирин на измешани работи.Се случува га не напуштат личностите на кои најмногу им веруваме без да кажат ни збогум ни благодарам.Ми треба барем едно рамо на кое ке можам да се потпрам а такво рамо нема..Ми треба барем една личност што ке ме разбере а таква личност нема.Ми треба барем еден човек што ке ми даде најточни совети, а таков човек нема.Ми треба барем едно дете што ке ме насмее, а такво дете нема.Ми треба барем една песна што ке ме расположи а таква песна нема.Да ти биде тешко е најлошото чувство што може да го има една личност. Би сакала некој да ми подаде рака да ми рече насмевни се, сега е тоа време, денес е тој ден кога треба да мислиш на иднината и на позитивното, биди сигурна во себе и верувај во секој ден бидејќи утрешниот ден ке биде подобар од денешниот.
Местото покрај шините!
Кога бевме да не кажам деца омилено
место ни беше покрај шините секогаш стоевме таму и го пречекувавме возот таму
на тоа место и ја запознав мојата прва љубов, на тоа место го направив првиот
љубовен чекор кој западна во каша.Кога бевме мали 4то 5то одделение ноонстоп
игравме криенка покрај шините иако родителите многу не ни дозволуваа бидејќи
таму имаше многу опасности.Како што кажав предходно таму го направив првиот
љубовен чекор таму те запознав ТЕБЕ.Бевме многу среќни улавите години ги
поминувавме заедно и секогаш се навалувавме на липата и си распажувавме седевме
како две заљубени гулапчиња.Признавам дека те сакав многу дури и не се опишува
а знам дека и ти мене..Но се појави таа русокоса девојка која ти ги заслепи
очите, како ти да ме заборави мене...Сега кога ке се сетам на се што имавме
заедно на сите моменти од детството ми е се потешко и потешко ја сваќам
суштината и суровоста на животот. Еднаш решив да прошетам во паркот да не одам
на тоа наше место покрај шините па да го сменам местото во паркот и кога отидов
таму имаше што да видам..Те видов тебе со онаа девојка седнати на едно дрво и
разговаравте гушнати и ти ме виде мене знам но се направи како да не ме
виде..Од тогаш се промени се кај мене почнав да бидам осамена, да не сакам да
се дружам со никој, да не гледам за иднина и по цели вечери да не спијам..Иако
долго време немав отидено на нашето место сега решив да одам да седнам на
липата и да се потсетам на сите наши моменти..Размислував се потсетував на тоа
колку ни било убаво тогаш неколку солзи потекоа низ моето лице..Еден ден решив
да напишам писмо до него:“...Зарем толку бргу ме заборави мене? Зарем
толку бргу ги заборави моментите поминати заедно..Нели ти е жал што ми го
правиш ова мене знаеш ли дека јас те сакам најмногу повеќе од се зошто си
замина БЕЗ ЗБОГУВАЊЕ зошто ме остави во ова време да талкам по потрага по тебе
по потрага на мојата љубов..Што ке правиш понатаму во животот тоа е твое но
само сакам да ти кажам дека јас ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ.”Не добив одговор на писмото ако не ми
беше жал веке пребродив се и почнав да размислувам за иднината.Една ден одејчи
кон училиштето поминав од нашето место покрај шините и таму те видов тебе како
седеш на липата замислен и задлабочен во мислите а и неколку золзи ти капеа по твоето
убаво лице.Ме здогледа наеднаш и ме повика..Отидов ми рече да седнам до
него.Седнав.А тој со трепелив глас и со солзи во очите ми рече:Го прочитав писмото и се правев како
да не ми гајле иако ми беше многу затоа што ти беше мојата прва љубов.После сето
тоа со русокосата девојка сватив дека ти си единствена што ја сакам, и дека ти
си единствената што ме сака најмногу..И двајцата со солзи во очите се
прегрнавме и се бакнавме нежно, и двајцата свативме дека неможеме еден без друг
и двајцата свативме дека ние сме родени за да бидеме заедно..Од таа ден ние
никогаш повеке не се разделивме и секоја ден одевме на нашето место..МЕСТОТО
ПОКРАЈ ШИНИТЕ!
Како дел од моето минато..
![](https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEggvLRKwuBKLnGl8sTZFVaIrXY5CdUooe0r-2oqsC86KRQOWGBGWhgtT2wRpD-JkVCd72NlldX54yMEctn2StyYoowYOrh2D24rVwIJk4uit87KNrxDyym-XvhWVwg8cEKajzFdNVD1zrCf/s1600/large+(9).jpg)
Како дел од моето минато, како дел од
мојот живот се и моите грешки.Точно е тоа дека сите луѓе имаме направено многу
грешки во нашите животи, нема човек кој е безгрешен.Неколку пати помислувам и
на раните кои ги има во моето срце но луѓето кои велат дека сакаат да ми
помогнат тие уште повеќе ми ставаат сол на раната а и јас самата како да не сакам таа рана да
заздрави копам по неа копам и таа никако не оздравува.Толку време размислувам
дали некогаш ке се вратиш ти, да знаеш само колку многу те сакам. Така
чувстувајчи се осамена, напуштена ја сватив иронијата на капките солзи кои
течат низ моето нежно лице.Кога со страв сакам да прошетам низ уличките на
моето минато и кога цврсто сум решена да го направам тоа се враќам назад и
многу личности, многу грешки, многу
нешта ми го уништиле и ми го уништуваат животот. Но јас сум била некогаш толку
наивна и сум верувала на секого-тоа и ме уништи. Но ако јас ке бидам горделива
и ке стоам цврсто на своето ЈАС и нема никогаш да дозволам некои небитни
личности да ме срушуваат како пролетен снег полека, полека да ме растопуваат
како некогаш...Да точно животот е премиера, нема реприза. Затоа не треба да
живееме за минатото туку за иднината. Треба да правиме СЕ за денешниот ден да
ни биде подобар од вчерашниот. Треба да го живееме секој ден од животот како да
последен. И треба да се радуваме и на најмалите нешта бидејќи ЖИВОТОТ Е ЕДЕН И
ЕДНАШ ГО ЖИВЕЕМЕ!
Wednesday, March 5, 2014
Една дождлива осамена вечер...:(
Subscribe to:
Posts (Atom)