Wednesday, March 12, 2014

Како дел од моето минато..


Како дел од моето минато, како дел од мојот живот се и моите грешки.Точно е тоа дека сите луѓе имаме направено многу грешки во нашите животи, нема човек кој е безгрешен.Неколку пати помислувам и на раните кои ги има во моето срце но луѓето кои велат дека сакаат да ми помогнат тие уште повеќе ми ставаат сол на раната а и  јас самата како да не сакам таа рана да заздрави копам по неа копам и таа никако не оздравува.Толку време размислувам дали некогаш ке се вратиш ти, да знаеш само колку многу те сакам. Така чувстувајчи се осамена, напуштена ја сватив иронијата на капките солзи кои течат низ моето нежно лице.Кога со страв сакам да прошетам низ уличките на моето минато и кога цврсто сум решена да го направам тоа се враќам назад и многу личности,  многу грешки, многу нешта ми го уништиле и ми го уништуваат животот. Но јас сум била некогаш толку наивна и сум верувала на секого-тоа и ме уништи. Но ако јас ке бидам горделива и ке стоам цврсто на своето ЈАС и нема никогаш да дозволам некои небитни личности да ме срушуваат како пролетен снег полека, полека да ме растопуваат како некогаш...Да точно животот е премиера, нема реприза. Затоа не треба да живееме за минатото туку за иднината. Треба да правиме СЕ за денешниот ден да ни биде подобар од вчерашниот. Треба да го живееме секој ден од животот како да последен. И треба да се радуваме и на најмалите нешта бидејќи ЖИВОТОТ Е ЕДЕН И ЕДНАШ ГО ЖИВЕЕМЕ!

No comments:

Post a Comment