Monday, March 24, 2014

ПРОЛЕТТЕН ПЕЈСАЖ


Конечно зимата стои на прагот со грб свртена кон нас, а пролетта насмеана влегува низ вратата на нашата околина. Примамливо ги преокупира сништата на повеќето од нас, прекрасниот шарм на пролетта, нејзиното шаренило и блескавите сончеви зраци ги исполнуваат нашите желби. Никогаш нема да ја заборавам сликата која ја здогледав и чувството што го здобив шетајќи и ми се врти низ глава веќе неколку денови. Сонцето силно грееше, но не беше жешко заради бавниот ветер кој како да милуваше. Сончевите зраци продирајќи низ дрвјата го покажуваа својот шарен сјај, а завршуваа на земјата осветлувајќи ги ведрите бои на цвеќињата. Се присетив на многу спомени, како и се радував на пролетта кога бев малечка. Пуштив и неколку солзи, но бев исполнета во душава, едноставно ја сакам пролетта. И кога ќе се замени со лето, до следната ќе се присетувам на тие прекрасни пролетни пејсажи и со насмевка ќе ја чекам.


4 comments: