Monday, March 24, 2014

Книгата мој прозорец кон светот!

Уште од моето најрано детство книгите имаат посебно место во мојот дом. Тие ми ги отворија прозорците кој светот. Со сликовниците уживав во светот на бајките, бо земјата на чудата, животот на Пепелашка, Пинокио. Со книгите научив што е добро, а што зло. Колку е тежок животот без родители, без топлата мајчинска љубов. Има разни книги без раслика на тоа каква е корицата, каков е насловот, сите книги имаат своја убавина. Сите книги не поучуваат да почитуваме, да сакаме, да другаруваме. Додека ги читам книгите си стварам како една филмска лента, замислувам дека и јас сум таму. Одам низ разни авантури, патувам низ разни земји, мориња, океани. Од книгите научив за Библијата за мојата вера. Од книгите научив дека после секој тунел доаѓа светлина. Колку е интересно кога во книгите победуваат несреќните. Од секоја прочитана книга добивам по една поука која многу ми значи, и која ме учи на добри нешта. Сфатив дека книгите се најдобриот пријател, книгите се мајка на знаењето, тие се најдобриот учител. Сфатив дека книгите ми ги отвараат прозорците кон светот.

10 comments: