Wednesday, March 12, 2014

Местото покрај шините!

Кога бевме да не кажам деца омилено место ни беше покрај шините секогаш стоевме таму и го пречекувавме возот таму на тоа место и ја запознав мојата прва љубов, на тоа место го направив првиот љубовен чекор кој западна во каша.Кога бевме мали 4то 5то одделение ноонстоп игравме криенка покрај шините иако родителите многу не ни дозволуваа бидејќи таму имаше многу опасности.Како што кажав предходно таму го направив првиот љубовен чекор таму те запознав ТЕБЕ.Бевме многу среќни улавите години ги поминувавме заедно и секогаш се навалувавме на липата и си распажувавме седевме како две заљубени гулапчиња.Признавам дека те сакав многу дури и не се опишува а знам дека и ти мене..Но се појави таа русокоса девојка која ти ги заслепи очите, како ти да ме заборави мене...Сега кога ке се сетам на се што имавме заедно на сите моменти од детството ми е се потешко и потешко ја сваќам суштината и суровоста на животот. Еднаш решив да прошетам во паркот да не одам на тоа наше место покрај шините па да го сменам местото во паркот и кога отидов таму имаше што да видам..Те видов тебе со онаа девојка седнати на едно дрво и разговаравте гушнати и ти ме виде мене знам но се направи како да не ме виде..Од тогаш се промени се кај мене почнав да бидам осамена, да не сакам да се дружам со никој, да не гледам за иднина и по цели вечери да не спијам..Иако долго време немав отидено на нашето место сега решив да одам да седнам на липата и да се потсетам на сите наши моменти..Размислував се потсетував на тоа колку ни било убаво тогаш неколку солзи потекоа низ моето лице..Еден ден решив да напишам писмо до него:...Зарем толку бргу ме заборави мене? Зарем толку бргу ги заборави моментите поминати заедно..Нели ти е жал што ми го правиш ова мене знаеш ли дека јас те сакам најмногу повеќе од се зошто си замина БЕЗ ЗБОГУВАЊЕ зошто ме остави во ова време да талкам по потрага по тебе по потрага на мојата љубов..Што ке правиш понатаму во животот тоа е твое но само сакам да ти кажам дека јас ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ.Не добив одговор на писмото ако не ми беше жал веке пребродив се и почнав да размислувам за иднината.Една ден одејчи кон училиштето поминав од нашето место покрај шините и таму те видов тебе како седеш на липата замислен и задлабочен во мислите а и неколку золзи ти капеа по твоето убаво лице.Ме здогледа наеднаш и ме повика..Отидов ми рече да седнам до него.Седнав.А тој со трепелив глас и со солзи во очите ми рече:Го прочитав писмото и се правев како да не ми гајле иако ми беше многу затоа што ти беше мојата прва љубов.После сето тоа со русокосата девојка сватив дека ти си единствена што ја сакам, и дека ти си единствената што ме сака најмногу..И двајцата со солзи во очите се прегрнавме и се бакнавме нежно, и двајцата свативме дека неможеме еден без друг и двајцата свативме дека ние сме родени за да бидеме заедно..Од таа ден ние никогаш повеке не се разделивме и секоја ден одевме на нашето место..МЕСТОТО ПОКРАЈ ШИНИТЕ!

No comments:

Post a Comment